Годишниот состанок на Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа, со поддршка на Инфокуќа Секретаријатот на Регионалната иницијатива за антикорупција (РИА) се одржа во Сараево на 22 ноември 2021.
Годишниот состанок на Коалицијата служи како платформа за дискусија за заедничките предизвици, стратегии и решенија за подобрување на заштитата на укажувачите. Секретаријатот на РИА ја поддржува работата на Коалицијата од нејзиното основање во 2015 година, како признание за важноста на соработката помеѓу владата и невладиниот сектор за ефикасна заштита на укажувачите. Годишниот состанок на Коалицијата беше, исто така, можност да се прослави успехот и да се споделат научените лекции.
На состанокот бе споделени искуства и научените лекции преку проектот „Проект за отчетност на владата“ (Government Accountability Project), САД, од страна на Tom Devine за тоа како невладините организации може да им помогнат на укажувачите. Дополнително, Владимир Радимировиќ, претставник на организацијата „ Pistaljka“ од Србија го презентираше искуството и ангажманот на организацијата во нивната мисија за заштита на укажувачите.
Годишниот состанок на Коалицијата беше организиран под покровителство на регионалниот проект „Кршење на тишината: зајакнување на политиките и културата за заштита на укажувачите во Западен Балкан и Молдавија“, кој е финансиран од Европската Унија и имплементиран од Секретаријатот на РИА. На годишниот состанок присутни беа претставници на граѓански организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија и Словачка.