Транспаренси Интернешнл – Македонија во соработка со Државната комисија за спречување на корупција одржа конференција на која ја објави анализата за ранливоста кон корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво. Истражувањето беше спроведено во рамки на активноста: „Проценка на ранливоста кон корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во периодот од февруари до декември 2021 година.
Целта на ова истражување беше да се согледаат евентуалните ризици од корупција во сферата на градежништвото и да се нагласи важноста од континуирано намалување на тие ризици преку транспарентност во сите одлуки кои се носат од страна на државните органи, развивање на демократијата, но и контрола од страна на државниот механизам која ќе придонесе за успешно справување во борбата против корупција од единиците за локална самоуправа во сите државни органи но и во единиците на локалната власт. За потребите на оваа анализа беше направена анализа на закони и подзаконски акти, мапирање на законските одредби и подзаконски акти кои се однесуваат на урбанизмот и се спроведоа интервјуа фокус групи со релевантни чинители.
Целосниот преглед на препораки, идентификувани ризици, и заклучоци можете да ги
погледнете во објавената анализа, достапна на следниот линк: https://bit.ly/338uuKp
Во прилог е видеото од конференцијата: