Проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“ се спроведе во периодот од 1 декември 2020 година до 31 мај 2021 година и е прв регионален проект од овој тип спроведен помеѓу Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, и Косово.
Целта на проектот е да се направи проценка на националните правни и институционални легислативи на секоја од државите, за усогласувањето со 4-та и 5-та Директива на Европската Унија против перење пари. Проектот е поддржан од GIZ од Министерството за економска соработка и развој на Германија и Министерството за надворешни работи на Норвешка.
Тимовите на проектот беа составени од по два експерти од секоја од четирите држави, еден кој што работеше на теми поврзани против перењето на пари, а вториот на одредбите за заштита на податоци. Експертите и анализираа постоечките практики против перење пари во четирите држави и каде што е возможно ги детектираа пропустите во пристапот со заштитата на податоци, како во регулативите така и во пракса.
Извештајот подготвен од страна на експертите е достапен на следниот линк:
Настанот ќе се одржи на 3 март 2022 со почеток во 11 часот.
Линк за приклучување: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZ0oc–gqDwqGtaXckaQuSVRBo_RNZhx1eCU (Пасворд: 683282)
Агендата е достапна на следниот линк: Агенда-03.03.2022