Транспаренси Интернешнл Македонија во рамките на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија“, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград одржа работилница на тема: „Пет години од имплементацијата на Законот за заштита на укажувачи“.
Целта на проектот е понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи.
Тема на оваа работилница беше петгодишната имплементација на Законот за укажувачи. Свое обраќање на оваа работилница имаа г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија; Г-ѓа Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење; -ѓа Билјана Ивановска, Претседател на Државната комисија за спречување на корупција; Г-дин Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи; Г-дин Насер Зибери, Народен правобранител; Г-дин Гаврил Бубевски, шеф на Основно јавно обвинителство – Скопје Г-ѓа Ирена Поповска, лице одговорно за внатрешно и надворешно пријавување на укажувачи во ДКСК.
Видеото од работилницата може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=IWXPvh2Kec4