И покрај тоа што е очигледно дека укажувачите се суштински дел за општеството, борбата за нивните права е подложна на многу пречки. Но, сепак постојат и победи кои треба да се прослават.
Секоја година на 23 јуни, одвојуваме момент за да ја препознаеме суштинската улога која укажувачите ја играат. Овој Меѓународен ден на укажувачите доаѓа со освестувачки потсетник дека нашите системи пропуштаат да ги заштитат укажувачите. Ова е исто така нагласено и со новиот документарец на BBC којшто илустрира потенцијално одмаздување против тие кои пријавуваат корупција, лошо управување и сексуална злоупотреба внатрешно во агенциите на Обединетите нации (ОН) со години.
Далекусежно од тоа дека се однесува на прва пријава од ваков вид за институциите чија мисија е да ги адресираат најголемите светски предизвици, откритијата изложуваат шема на застрашувачки неправилности на сите нивоа и систем неспособен – или неволен да ги заштити укажувачите.
Укажувачите запоставени од меѓународните организации
Во март 2021 година, додека светот сѐ уште закрепнуваше од првата година на COVID-19 пандемијата, Франческо Замбон даде оставка од Светската здравствена организација, јавната здравствена организација на Обединетите нации, по неколку месеци нетолерантни услови за работа. Претходно на тоа, тој ги пријавил своите сомнежи за очигледно потиснување на истражување за подготвеноста на Италија за пандемијата – откритија кои најпрво биле објавени и потоа повлечени веќе наредниот ден од страна на СЗО.
Иако, неколку граѓански организации истапија со поддршка за Замбон и со барање за отчетност од страна на организацијата, не се преземаа никакви активности до ден денес.
Неколку месеци подоцна, Ема Рејли – вработена во Канцеларијата за човекови права во Обединетите нации која ја открила практиката на канцеларијата за откривање на имињата на неистомислениците со владата на Кина – била отпуштена. Исто така и Џон О’Брајан кој пријавил корупција поврзана со Програмата на Обединетите нации за развој (UNDP) и проектите за климатски промени. Рејли и О’Брајан се двајца од многуте поранешни вработени во ОН кои јавно проговориле за овие неправилности во новиот BBC документарец.
Нивните и случаите на многу други пропаѓаат. Тие посочуваат на длабоко вкоренета толеранција на злоупотреба на моќ во системот на ОН, што пропушта да ги повика сторителите на одговорност.
Всушност, граѓанските организации се загрижени за укажувачите од ОН кои се соочуваат со одмазда и нерегуларности веќе некое време.
Повеќе од година, повикуваме на итни реформи на механизмите за заштита на укажувачите во агенциите на ОН.
Агенциите на ОН се соочуваат со оправдани критики за нивниот третман кон укажувачите. Еден од тие укажувачи е и д-р Франческо Замбон кој пријави неправилности во Светската здравствена организација за време на COVID-19 пандемијата.
Агенциите на ОН пропуштаат да ги заштитат укажувачите: случајот со укажувачот на СЗО
Замбон, Рејли и О’Брајан не се единствените укажувачи кои се соочиле со одмазда за откривање на неправилности. Фактот што биле запоставени од институциите кои се задолжени за штитење на човековите права и заштита на јавниот интерес поведува на размислување. Доколку меѓународните организации пропуштаат да ги заштитат укажувачите, некој би можел да се запраша за борбата на укажувачите кои откриваат неправилности во многу поопасни услови и околности – и чии приказни не се наоѓаат на насловните страни.
Дури и кога заштитата е сигурна, укажувачите се запоставени поради одложувања
На национално ниво, одложувањата во однос на правна поддршка и заштита за укажувачите ги прават нештата полоши. Во Европската унија (ЕУ), државите требаше да ја транспонираат Директивата на ЕУ за заштита на укажувачи во своите национални закони. Директивата, која беше усвоена во 2019 година, требаше да обезбеди силна основа за ЕУ земјите да остварат униформна заштита за укажувачите. Но, со оглед дека рокот за транспонирање на Директивата беше до декември 2021 година, само пет држави успеаја да го усвојат новиот закон за заштита на укажувачи. Само четири останати земји потоа се придружија на оваа група, додека влијателни земји-членки како Германија сѐ уште заостануваат со овој процес.
Имплементирањето на Директивата е важно, со оглед дека 45% од испитаните ЕУ граѓани во Глобалниот корупциски барометер за 2021 година на Транспаренси Интернешнл стравуваат од одмазди доколку пријават корупција.
Статус на транспозиција на ЕУ Директивата за укажувачи заклучно со јуни 2022 година
Надеж на хоризонтот: Ќе продолжиме со добрата борба
Борбата за права на укажувачите исто така резултираше со неколку клучни победи, но за да може овие победи да допринесат до вистински промени и подобра заштита за укажувачите, мора да продолжиме да се бориме.
Од 2020 година, активно застапуваме за транспозиција на Директивата на ЕУ на начин што обезбедува заштита на сите укажувачи, не само оние кои пријавуваат прекршувања на законите на ЕУ вклучени во Директивата.
Ограноците на Транспаренси Интернешнл изготвија конкретни препораки до нивните влади за овој чекор во 19 земји-членки. До сега, нивните напори беа успешни во Данска, Франција, Литванија, и Шведска каде што препораките биле земени во предвид во новите закони за укажување.
На глобално ниво, поединците исто така јавно говореа против корупција со помош на Центрите за правна помош. Со оваа поддршка, луѓето низ светот остварија значајни победи и останаа оптимистични и покрај предизвиците. Ова го потврдува тоа што ние и нашите сојузници го веруваме – дека секој поединец може да направи промена во борбата против корупцијата.