Изборот на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кои обвинителите самите го бираа, на површина извади многу недостатоци и нелогичности во законското решение, кое го предвидува овој избор, согласни се ескпертите во вечерашната Топ Тема на Телма. Обвинителите го избраа Ислам Абази, колега за кого не можеше да се пронајде ниту биографија на веб страната на Вишото јавно обвинителство Гостивар со кое до сега раководел. Законското решение обвинителите самите да избираат шеф на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција беше посочувано како врв на демократијата.
СО ПРАВО СЕ ПОСТАВУВААТ СИТЕ ОВИЕ ПРАШАЊА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ БЕА НАЈПОВИКАНИ ДА ОБЕЗБЕДАТ ОВОЈ ИЗБОР ДА ПОМИНЕ БЕЗ НИКАКВИ ПРАШАЊА И СОМНЕЖИ. ИАКО НЕ ТРЕБА ВЕДНАШ ДА СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ОБИВНИТЕЛОТ ЌЕ ПОСТАПУВА ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ, СЕПАК СО ПРАВО СИТЕ ПОСТАВУВАМЕ ПРАШАЊА. СО КОЛКАВ ИНТЕГРИТЕТ ПРИСТАПУВА НА ОВАА ФУНКЦИЈА, СО КОЛКАВО ИСКУСТВО И КОЛКУ ИМА ПРЕТХОДНИ ПОЗНАВАЊА ОД ОВАА МАТЕРИЈА И НЕ МОЖЕ ДА НЕ ДОБИЕМЕ ОДГОВОР НА ОВИЕ ПРАШАЊА, СМЕТА ПРЕТСДАТЕЛКАТА НА „ТРАНСПАРЕНСИ МАКЕДОНИЈА“ СЛАЃАНА ТАСЕВА.
Според неа, и покрај тоа, кај овој избор недостасувало прашањето за проверка на интегритетот.
СО ОВОЈ ИЗБОР ТРЕБАШЕ ДА СЕ ВРАТИ ДОВЕРБАТА ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА, ЗАТОА ШТО ТАА БЕШЕ СЕРИОЗНО НАРУШЕНА, ПОСОЧУВА ТАСЕВА.
Претседалот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, вели дека во законските решенија за избор на шеф на ОЈО ГОКК има многу нелогичности. Според него, Советот е исклучен од изборот, а има право да го разреши обвинителот.
НИЕ НЕ МОЖЕМЕ КАКО СОВЕТ ВООПШТО ДА ПРОВЕРУВАМЕ КРЕДИБИЛТЕТ, НИТУ ДА ДАВАМЕ МИСЛЕЊА ЗА ОДРЕДЕНИ КАНДИДАТИ. МОЕ ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА БИ ТРЕБАЛО ДА ПРЕТРПИ ПРОМЕНИ ОВОЈ ЗАКОН, ЗАТОА ШТО СОВЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД ДЕЛОТ НА ИЗБОР, А МОЖЕ ДА ГО РАЗРЕШУВА ТОЈ ОБВИНИТЕЛ, ВЕЛИ ЈОЛЕВСКИ.
За адвокатот и поранешен антикорупционер Драган Малиновски, небулозно е како може обвинителите кои сакаат да работат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпуција, да треба да исполнат низа услови, кои пак не важат за нивниот шеф.
СЕ САКАЛО ДА СЕ НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО, ДА БИДЕ ТОА ИЗБОР ОД САМАТА ФЕЛА, МЕЃУТОА МИСЛАМ ДЕКА СЕ НАПРАВЕНИ МНОГУ СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ПРИ ДЕФИНИРАЊЕТО НА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР, КОИ РЕЗУЛТИРААТ СО СТРАШНИ НЕЛОГИЧНОСТИ. ЗА ДА БИДЕ ИЗБРАН ОБВИНИТЕЛ ВИЕ ПРАВИТЕ ПРОЦЕНКА НА ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИАТИ ПО НЕКОИ ПЕТ СЕРИОЗНИ КРИТЕРИУМИ, ПОРАНЕШНА РАБОТА, ВКЛУЧЕНОСТ ВО ОБВИНИТЕЛСКИ АКТИВНОСТИ, ПУБЛИКАЦИИ, ЕДУКАЦИИ, УГЛЕДОТ ВО ЈАВНОСТА. ОНИЕ ШТО ВЛЕГУВААТ И РАБОТАТ ВО ТОА ОБВИНИТЕЛСТВО ГИ ПОМИНУВААТ ТИЕ ФИЛТРИ, А ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ РАКОВОДИ СО ТОА ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА НЕГО НЕ ВАЖАТ ОВИЕ КРИТЕРИУМИ, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ АНТИКОРУПЦИОНЕР ДРАГАН МАЛИНОВСКИ.
Извор: Телевизија Телма
https://telma.com.mk/2022/11/08/izborite-za-shef-na-ojo-gokk-trebashe-da-ja-vratat-doverbata-vo-ovaa-institucija-posochuvaat-ekspertite/