Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кој ќе работи во канцеларијата во Скопје за работно место-Правен советник.
Опис на работа:
- дава правни совети на граѓани во Центарот за правни работи (Advocacy and Legal Advice Center – ALAC)
- врши задачи на евидентирање и известување на предметите за правни совети
- самостојно спроведува истражувања и учествува по потреба во други истражувања и проекти спроведени од ТИ-М
- подготвува проектни извештаи и други извештаи за потребите на Центарот
- ги следи законодавните активности поврзани со работа на ТИ-М
- врши и други работни задачи поврзани со работата на ТИ-М.
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Релевантна диплома по правни науки (седми степен)
– Положен Правосуден испит
Дополнителни особини, искуства и вештини:
– Разбирање на културни разлики и тимска работа
– Одлични комуникациски вештини
– Искуство и вештина во комуникација со граѓани
– Напредно познање и користење на пакетот Microsoft Office
– Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
– Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување).
Предност имаат кандидатите кои имаат претходно искуство во граѓански организации.
Најдоцна до 28 ноември 2022 година заинтересираните кандидати треба да достават:
- детална биографија
- писмо за мотивација
- потврда/препорака од претходен работодавач.
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Апликациите можат да се достават по електронска пошта job@transparency.mk или по пошта на адреса: Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270. 1000 Скопје