Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија на 14.12.2022 година беше гостинка во емисијата Утринска на Телма каде што разговараше на тема на корупцијата, на предизвиците коишто сѐ уште се присутни во оваа област, за Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл и рангирањата за Македонија низ годините до денес.
Тасева ја потенцираше и индивидуалната одговорност, а не само институционалната во лоцирањето на корупцијата и дозволувањето на коруптивните дејствија како и неопходноста на спроведување на законите во пракса.