Предмет: Соодветно и законито именување на високи службеници и директори од страна на Владата
Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Северна Македонија за професионализација на јавната администрација.
Оттука, ја потсетуваме Владата дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас.
За таа цел, Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор.
На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги.
Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри.
Со почит:
Платформа за граѓански организации за борба против корупцијата
Писмото може да го превземете на следниот линк: Отворено писмо до Владата на Република Северна Македонија