Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија за извештајот на Стејт Департментот за состојбата со владеењето на правото и корупцијата во Македонија соопшти дека корупцијата е вкоренет проблем во државата и дека е потребна целосна реформа во правосудството, како и ветинг.
Тасева изјави дека: “Високата корупција е и висок економски криминал, перење на пари и нелегални движења на парите стекнати по пат на корупција. Владата треба да се определи за целосна реформа во правосудството, вклучувајки ветинг“.
Дополнително соопшти: „ „нашите пријатели од САД треба да ги искористат правните механизми кои им стојат на располагање од меѓународното право и нивното национално право, за да поведат постапки против корумпираните поединци овде“.
Изјава за „Локално“: https://lokalno.mk/taseva-za-izveshta%d1%98ot-na-ste%d1%98t-departmentot-prichinata-poradi-neefikasnosta-e-visokata-korupci%d1%98a-i-vli%d1%98ani%d1%98ata-od-biznis-i-politichkite-krugovi/
Линк до извештајот на Стејт Департментот: https://www.state.gov/reports/2022-country-reports-on-human-rights-practices/north-macedonia/