Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија Слаѓана Тасева гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на Телма на тема за законските измени поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Тасева го истакна и интегритетот и одговорноста на пратениците во Собранието при евентуалното гласање за законските решенија без притоа да се погледне договорот. „Бехтел и Енка“ како компанија важи за една од најнетранспарентните компании во светот кои инсистираат на апсолутна тајност на нивните договори – истакна Тасева.