Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот што го нарековме „Бистро-Матно“.
Проектот имаше голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со нејзе. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.
“БИСТРО – МАТНО”
БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец април 2023 година
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот што го нарековме „Бистро-Матно“.
Проектот имаше голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со нејзе. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.
==============================================================================
“МАТНИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 година
Застарување на делото Мијалков во „Титаник 2 “
Од денеска делото на Мијалков во „Титаник 2 “ е застарено. 7 април 2023 година е датумот кога настапи апсолутна застареност за кривично гонење на, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за делото примање награда за противзаконито влијание. Поминаа 10 години, што е двојно повеќе време од максималната казна (5 години) за ова дело, сметано од времето на сторување. Причина за застарувањето е неефикасноста на судството. Поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште за овој предмет на 24.04.2018 година. Оттогаш, од најразлични причини, случајот не успеа да дојде до правосилна пресуда.
Стратегија само на хартија
Само 10 % од активностите предвидени во националната стратегија за борба против корупцијата, биле спроведени во 2022 година
Минатата 2022 година биле завршени само 10 проценти од активностите предвидени во четиригодишната Стратегија за борба против корупцијата. Причината за оваа ниска реализација на националната стратегија, според првата претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, се слабата посветеност на институциите, честите менувања на министрите партизирана администрација.
Ревизорскиот извештај на АД МЕПСО за 2021 година со голем број неправилности
Ревизорскиот извештај што Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето.
ДЗР изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. на усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето.
Изјава на Амбасадорот на ЕУД Дејвид Гир: Разочарувачки резултати во борбата против корупцијата
Северна Македонија не прави доволно во борбата против корупцијата. Иако има напредок, резултатите се разочарувачки. Неопходни се проактивни истраги, ефикасност на обвинителството и борба против корупцијата на сите нивоа. Судството е тоа коешто има клучна улога во борбата против корупцијата. Ова се главните пораки и забелешки коишто ги упати евроамбасадорот Дејвид Гир на работниот состанок во Владата. Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, е дециден дека треба да има поголема завршница на судски процеси против високи функционери. ЕУ има вложено многу средства за обуки за борба против корупцијата и време е земјата да испорача резултати на ова поле.
Кратко траеше отчетноста на Владата
Алатката за потрошените пари на државните функционери не е ажурирана од 2021 година
Алатката за отчетност (https://vlada.mk/otchetnost-troshoci ) не е ажурирана од 2021 година, па така, на последната листа на функционери се наоѓаат министри кои повеќе од една година не се на функциите, а за актуелни министри или нивни заменици воопшто нема податоци.Доколку сакате да видите колку пари потрошил одреден актуелен министер за авионски карти, колку пари зел за дневници, такси превоз, хотели или колку потрошил по ресторани, користејќи ја Алатката за отчетност која беше промовирана од страна на Владата, нема да биде успешно, барем не за 2022 и за 2023 година.
Отворено писмо до судиите од Амбасадата на САД
„Загриженост и разочараност“ на амбасадорката на САД изразена во отворено писмо до македонските судии
Американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење. Таа испратила отворено писмо до судските и извршните органи.
Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото од амбасадорката Агелер.
Разрешување на претседателката на Судскиот совет
Неколкучасовни расправии, високи тонови и меѓусебни обвинувања завршија со разрешување на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. Таа порача дека одлуката е незаконска и дека целта била да ја разрешат поради нечии интереси. До ваквиот развој на настаните дојде откако Дамева одби да стави на гласање точка што ја немаше на дневен ред, но и по жестоки обвинувања дека го затаила писмото коешто американската амбасадорка Анџела Агелер го испратила до Судскиот совет на 11 април, а во кое се изнесуваат критики за работата на судовите. Нејзиниот заменик Селим Адеми, поради „нарушени меѓучовечки односи“ повика на гласање за разрешување на Дамева, а седум члена на Судскиот совет го поддржаа.
Реакција на Советот на Јавни обвинители за ставот на обвинителката Ленче Ристовска
Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска. Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот.
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.
“БИСТРИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 година
Изјава на обвинителката Ленче Ристоска за Советот на јавни обвинители
Обвинителката Ленче Ристеска реагираше со став дека Советот на јавни обвинители да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба, предлага обвинителката Ленче Ристоска. Според обвинителката, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрли во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.
„Сè додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“,вели Ристоска.
Кривична пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ.
На следниот линк можете да го погледнете документот за бистрите и матните настани во месец април: Бистро-матно април 2023