Во периодот од 9-ти до 11-ти мај 2023 во Бар, Црна Гора беше одржан регионален состанок за проектот: ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција. На овој состанок беа присутни претставници на партнерските организации од Транспаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- БиХ, Транспаренси Интернешнл- Србија, Транспаренси Интернешнл- Турција, КДИ- Косово, МАНС- Црна Гора и Транспаренси Интернешнл- Секретаријат. На овој состанок беа дискутирани тековните активности кои се дел од проектот и нивната имплементација. Фокусот беше ставен на подготовка на Националниот систем на интегритет, кој дава оценка на интегритетот на една држава и ќе биде објавен во текот на есента 2023 година.
Врз основа на подготвената анализа ќе се подготват акции за застапување кои ќе имаат за цел да придонесат кон надминување на проблемите и ризиците од корупција кои се детектирани со Националниот систем за интегритет. Во ова ќе бидат вклучени претставници на граѓанските организации, инсттиуциите и експертите.