Претседaтелката на ТИ-Македонија Слаѓана Тасева зема учество на конференцијата: Measuring Grand Corruption and Reducing Its Powers организирана од Американската академија на уметностите и науките која се одржа во периодот од 18-ти до 20-ти мај во Кембриџ, Масачусетс.
На оваа конференција г-ѓа Тасева го претстави својот труд кој се однесува на аниткорупциските напори во Македонија. Трудот го прикажува развојот на антикорупциските политики во земјата и подготвеноста во борбата против корупцијата. Тема на трудот е и проблемот на високата корупција и потребата за нејзино надминување.
На конференцијата учество земаа над 30 експерти.