Транспаренси интернешнл-Македонија го следи кривичниот случај за клиничка болница „Жан Митрев“ во кој за докторот Жан Митрев и Клиничка болница Жан Митрев е поднесено обвинение за кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Предметниот случај го привлече вниманието поради несекојдневната природа на кривично дело и истиот го следат повеќе здруженија на граѓани и организации, како што се „Коалиција сите за правично судење“, OSCE-мисијата во Скопје и други.
Последното рочиште кое беше закажано на 12.05.2023 година се одложи на барање на одбраната поради тоа што не им биле доставени сите докази од листата докази од јавното обвинителство и побара дополнителен рок од 20 работни денови за да извршат увид во доказите и 10 работни денови за подготвување на одбраната.
По долга дискусија, јавниот обвинител не го оспори барањето, а судот го прифати барањето и следното рочиште го насрочи за 13 јуни 2023 година.