Транспаренси Интернешнл- Македонија во 2016 година го подготви извештајот: „Националниот систем за интегритет на Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на Македонија во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата. Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл. Во рамките на овој извештај беше анализирана и работата на Министерството за внатрешни работи.
Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата во овој сектор. ТИ-М подготвува нов извештај кој треба да биде објавен во текот на октомври 2023. За потребите на овој извештај беше анализирана и исполнетоста на препораките. По дадените препораки, Министерството за внатрешни работи постапило по однос на сите препораки и презело акција за исполнување на истите.
Исполнетоста на препораките е прикажана во инфографикот подоле.
Оваа активност е подготвена од Транспаренси Интернешнл – Македонија со поддршка на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од Европската Унија. Мислењата изразени во овој графички приказ не ги изразуваат ставовите на Европската Унија.