Транспаренси Интернешнл- Македонија во 2016 година го подготви извештајот: „Националниот систем за интегритет на Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на Македонија во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата. Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл. Во рамките на овој извештај беше анализирана и работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата на Комисијата. ТИ-М подготвува нов извештај кој треба да биде објавен во текот на октомври 2023. За потребите на овој извештај беше анализирана и исполнетоста на препораките.
П1. ДКСК треба да усвои внатрешен кодекс на постапување за членовите избрани од Собранието и да воспостави ефективен механизам за негово спроведување.
Објавено на веб-страната на ДКСК во делот: ИНТЕГРИТЕТ/СИСТЕМ НА ИНТЕГРИТЕТ/ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМ НА ИНТЕГРИТЕТ ВО ДКСК.
https://dksk.mk/mk/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%b3%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%82-2/
П2. Членовите на ДКСК треба да се осигурат дека нивните анкетни листови се јавно достапни, согласно законот за спречување на корупцијата.
Објавено на веб-страната на ДКСК во делот: РЕГИСТРИ/ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТ.
http://www.dksk.org.mk/imoti_2/
П3. ДКСК треба да обезбеди објавување на својата практика и своите објаснувања на одлуките, особено на одлуките поврзани со политичкото финансирање, судирот на интереси и анкетните листови.
Објавено на веб-страната на ДКСК во делот: ОДЛУКИ ОД СЕДНИЦИ.
https://dksk.mk/mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b8-3/
П4. ДКСК треба да објавува други извештаи, согласно законот, треба да ја исполни својата законска обврска за поднесување извештаи до Собранието, како и извештајот за финансирањето на политичките кампањи.
ДКСК редовно ги објавува сите усвоени извештаи за кои има пропишано надлежност во ЗСКСИ и континуирано ги испраќа сите извештаи до Собранието за кои е утврдена законска обврска на својата веб-страна.
Исполнетост на препораки: 100%
Транспаренси Интернешнл Македонија
Оваа активност е подготвена од Транспаренси Интернешнл – Македонија со поддршка на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од Европската Унија. Мислењата изразени во овој документ не ги изразуваат ставовите на Европската Унија.