Транспаренси Интернешнл – Македонија е овогодишен добитник на оперативен грант во износ од 561.000 NOK во рамките на Смарт Балкан програмата. Транспаренси Интернешнл- Македонија ќе го имплементира оперативниот грант во текот на 2024 и 2025 година. Целта на оперативниот грант е воспоставување на систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата и општество кое има нулта толеранција за корупција. Оваа цел ќе биде постигната низ активности кои ќе придонесат кон подобрување на борбата против корупцијата. Оперативниот грант треба да придонесе за зајакнување на капацитетите на организацијата за спроведување на тековните активности кои се во насока на унапредување на борбата против корупцијата и владеењето на правото.
Смарт Балкан програмата е финансирана од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, со грант во вредност од над 17 милиони евра. Оваа програма ја спроведуваат Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), во соработка со партнерските организации Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија го спроведуваат проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, која има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан.