JАВЕН ПОВИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД И ЛЕКТУРА (Број 12-2023)
Превод на публикација од англиски на македонски јазик и лекторирање на македонски јазик
Наслов на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“
- Цел на проектот
Проектот има за цел да го зајакне владеењето на правото преку адресирање на недостатоците на јавниот интегритет во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција преку два меѓусебно поврзани резултати (специфични цели), имено:
1) зголемена имплементација и подготовка на антикорупциски политики заснована на докази и
2) зајакнат граѓански ангажман за јавен интегритет, транспарентност и отчетност кај седумте таргетирани корисници на ИПА II.
- Квалификации на добавувачот
- Докажано искуство во професионално преведување и лекторирање слични типови на содржини на Англиски јазик и обратно;
- Искуство во преведување и лекторирање на слични содржини ќе се смета како предност.
- Обезбедување на квалитет
Преведувачот/агенцијата е одговорна за обезбедување на точен, јасен и културно сензитивен превод.
- Доверливост
Сите информации содржани во публикацијата се сметаат за доверливи, а од преведувачот/агенцијата се очекува да одржува строга доверливост во текот на целиот процес на преведување и лекторирање.
Плаќањата ќе се вршат по приемот и одобрувањето на конечниот превод и лектура.
- Временска рамка
Преводот и лекторирањена публикацијата НАЦИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА ИНТЕГРИТЕТ се очекува да биде завршен до 30 дена после потпишување на договор, со редовно известување за прогресот и можности за повратни информации во текот на процесот.
Претходното издание на публикација од 2016 година може да се погледне на следниот линк https://transparency.mk/wp-content/uploads/2020/12/nis_mk.pdf
- Понуда
- Понудата треба да вклучува и портфолио на претходната работа и препорака;
- Финансиска понуда за превод и лекторирање треба да биде во МКД (цената треба да биде наведена по страна – со број на карактери (1.800), во НЕТО бидејќи проектот е ослободен од ДДВ).
- Критериуми
- Изборот на добавувач ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот “најдобра понудена вредност(квалитет) за дадена цена”.
- Критериуми за добавувач
Добавувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договор за обезбедување на услуги (според Тековна состојба).
Против добавувачот не е поведена стечајна постапка и нема забрана за вршење на дејност (Изјава потпишана од овластено лице на добавувачот).
- Елементи на понудата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци;
- Изјава потпишана од овластено лице на добавувачот дека не е поведена стечајна постапка и нема забрана за вршење на дејност;
- Финансиска понуда за превод;
- Финансиска понуда за лекторирање;
- Предложени преведувачи и лектори;
- Кратка биографија на преведувачи и лектори;
- Најмалку 3(три) договори или препораки за слични работни ангажмани на добавувачот.
- Начин на доставување на понудите
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот”. Понудата се доставува во затворен коверт до архивата на Здружението:
ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ-МАКЕДОНИЈА
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 58
1000 Скопје
На надворешната страна на ковертот наведете “ПОВИК број 12-2023” и текстот “Да не се отвара пред сесијата за евалуација”. Во случај на достување на понудата по електронски пат, целокупната скенирана документација се доставува на следната електронска адреса: job@transparency.mk
Краен рок за доставување на понудите: 15 јануари, 2024 година, 17:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени во предвид.
Проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Јавен повик за обезбедување на услуги за превод и лектура