Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева гостуваше во „24 анализа“ на Телевизија 24, на тема: Дали има транспарентност во изборот за нов јавен обвинител?
Меѓу другото таа истакна дека е запрепастувачки еден јавен обвинител да биде дисквалификуван затоа што не доставил документи дали е деловно способен.
– Звучи несериозно и дали воопшто постои пропишана процедура што се бара и како се води процедурата. Формалните критериуми мора на секого мора однапред да му бидат јасни и кандидатите треба да знаат кој од нив ги исполнува условите. Ако е тоа формален критериум, тој треба да важи за сите. Тука нешто не е во ред, недостасува уреденост на целата процедура. Обвинителката Фетаи има право да бара и да ги види списите од другите кандидати и дали ги доставиле сите документи Барањето на увид значи да се отиде таму и да се направи увид – посочи Тасева.
Гости во „24 анализа“ беа и други претставници на невладиниот сектор – Снежана Трпковска Камиловска од МЦМС, како и Александра Цветановска и Давид Тасевски, претставници на Мрежата за заштита од дискриминација.
Целото видео можете да погледнете подолу.