Повик број 01-2024 за доставување на понуди за изработка на видеа
- Назив и адреса на добавувачот
Здружение ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ МАКЕДОНИЈА – Скопје
ЕМБС: 6166741
ЕДБ: 4030006613889
Адреса: Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје
02/3217-000, job@transparency.mk
- Предмет на набавка
Предмет на повикот е барање за доставување на понуди за изработка на три (3) видеа за застапување поврзани со користење на отворени податоци во борбата против корупцијата. Ова барање е во рамки на проектот на Транспаренси Интернешнл Македонија: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, поддржан од грант на Европската Унија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.Предложената акција има за цел да ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.
Детален опис на предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
- Рок на изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период 1 февруари 2024 година до 29 феруари 2024 година. Крајниот рок се однесува за одобрено финално видео од страна на нарачателот.
- Технички карактеристики на услугите и обврски на извршителот
Носителот на набавката ќе биде обврзан да подготви три (3) видеа во должина од 90 до 120 секунди на тема за користењето на отворени податоци во борбата против корупцијата со фокус на следните области: финансирање на политички партии, јавни набавки и концесии за истражување на минерални суровини.
Извршителот ќе има обврска за:
– Одржување на состаноци со проектниот тим на нарачателот
– Подготовка на креативен и идеен концепт кој ќе ги претстави комуникациските пораки на достапен начин
– Подготовка (снимање, едитирање, аудио продукција) на три видеа
– Испорака на три (3) видеа со нарација на македонски јазик (со вклучени титлови) во должина од 90 до 120 секунди во HD 1080p квалитет
– Спроведување на правила на видливост на донаторот во соработка со проектниот тим
- Потребна документација
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
– Професионално резиме на ангажираното лице/а
– Портфолио со референтна листа на претходно изработени видеа на тема за укажувачи, анти-корупција и сродни области, со референци (податоци за клиент, тип на видео, големина на примерок и година на изработка)
– Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од шест месеци на денот на аплицирање)
– Финансиски предлог
– Изјава дека ги исполнувате условите за учество на повикот
- Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на нарачателот. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од нарачателот.
- Финансиска понуда
Изразена во нето износ (без ДДВ) и бруто износ (со вклучен ДДВ) во МКД. Вкупниот, нето, надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 31.000 денари без вклучен ДДВ по изработено едно видео или вкупно за изработка на три видеа 93.000 денари без вклуќен ДДВ. Проектот е ослободен од ДДВ.
- Критериум за доделување на договорот и бодување
Максималниот број на поени кој еден апликант може да ги добие од евалуација е 30.
Следните критериуми ќе се земат во предвид при оценување на понудата:
- Технички критериум – не се оценува, се евидентира со ДА или НЕ, дали апликантот има доставено комплетна документација појаснета во точка 5. Потребна документација. Апликациите кои се технички неисправни и евидентирани во евалуацијата со НЕ по овој критериум ќе бидат дисквалификувани, односно нема да се оценувани од комисија за евалуација
- Професионално резиме на ангажираното лице/а- се оценува годините искуство на ангажираното лице/а во специфична област со максимум 10 поени
- Портфолио со вклучена референтна листа на претходни слични ангажманисе оценува бројот на проекти вклучени во портфолиото кои се од иста или слична област и тема како и продуктите кои треба да се промовираат со овој повик со максимум 10 поени
- Финансиски предлог – се оценува висината на вкупната сума на понудата со максимум 10 поени
Избор на најдобра понуда – ќе биде избрана како најдобра понуда онаа која ќе биде оценета со најмногу поени од комисијата за евалуација.
- Начин на доставување на понудите
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот”. Понудата се доставува во затворен коверт до архивата на Здружението:
ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ-МАКЕДОНИЈА
Ул. Наум Наумовски Борче бр. 58
1000 Скопје
На надворешната страна на ковертот наведете “ПОВИК број 01-2024” и текстот “Да не се отвара пред сесијата за евалуација”. Во случај на достување на понудата по електронски пат, целокупната скенирана документација се доставува на следната електронска адреса: job@transparency.mk
Краен рок за доставување на апликацијата е 30 јануари 2024 година до 17:00 часот со назнака „Понуда зa Повик број 01-2024”.
Апликациите доставени по утврдениот временски рок нема да се разгледуваат.
* Изработката на видеата се спроведува во рамките на проектот “Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, поддржан од грант на Европската Унија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.