Благоја Пандовски е нов претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија. Функцијата ја наследува од долгогодишната претседателка Слаѓана Тасева, која останува почесен претседател на оваа организација.
Веста денеска ја соопшти Тасева на презентација на новиот Извештај за резултатите од Националниот систем за интегритет.
Пандовски е еден од основачите на ТИ-Македонија и член на Управниот одбор. Тој соопшти дека функцијата претседател на ТИ-Македонија е многу важна и одговорна поради нејзината улога во борбата со корупцијата во државава и поради реномето што го изградила во изминатите години за што, рече, е многу заслужна Слаѓана Тасева.
-Ќе вложам 100 отсто напор да го оправдам ова и да го задржам реномето што го има организацијата. Ќе се трудам да ги исполнувам целите и задачите коишто се утврдени во статутот, како и во стратегијата на Транспаренси интернешенл-Македонија, Исто така, останувам отворен за соработка со сите фактори – институционални, невладини и сите кои имаат желба и волја за борба против корупцијата, рече Пандовски на настанот што денеска го организираше ТИ-Македонија.
Извор Канал 5: https://kanal5.com.mk/blagoja-pandovski-nov-pretsedatel-na-transparensi-interneshenl-makedonija/a620705