Претседателот на Транспаренси Интернешнл Македонија, Благоја Пандовски на 16.01.2024 беше гостин во „Аргумент плус“ на Телевизија 24.
Пандовски во емисијата ги коментираше последните случувања во М-НАВ и Судскиот совет, а исто така разговараше и за барометарот на корупција, редовната месечна активност на Транспаренси Интернешнл Македонија за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што е наречена „Бистро-Матно“.
Тој накратко се осврна и на извештајот за Национален систем на интегритет, кој беше презентиран претходната недела, а го истакна својот став и за други актуелни теми.
Целото видео можете да го погледнете подолу.