Европската унија, по низата критики за работењето на Судскиот совет, одлучи да испрати експерти кои до 24 јануари беа дел од работилница за извештајот на Оценската мисија на Европската Унија за функционирање на Судскиот совет.
Денеска се на работилница во Велес. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева за ТВ 24 вели дека по заокружување на процесот ќе се произнесат за следни чекори а се планира да бидат усвоени и заклучоци.
Дел од експертите скептични колку судството ќе застане на здрави нозе. Благоја Пандовски од Транспаренси интернешнл вели дека крајно време е Судскиот совет и судството генерално, да почне да ги зема во предвид острите критики на експертите.
– Извештајот на оценската мисија на ЕУ за функционирањето на Судскиот совет содржи 40 препораки, групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање. Вкупно 17 препораки, се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот Судски совет и може да бидат спроведени, без никакви законски измени. Од нив, седум се однесуваат на транспарентноста и десет за изборот и унапредувањето на судии, што е клучна функција на Судскиот совет. – вели Пандовски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир веднаш по објавата на извштајот рече дека би било револуција ако судскиот совет спроведе 17 од 40те препораки во следните неколку мсеци, по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева рече дека очекува сите членови на Судскиот совет да свртат нова страница и да се обидат да ги спроведат препораките од Oценската мисија на Европската унија.
Извор: Телевизија 24