На 7-ми февруари 2024, Транспаренси Интернешнл – Македонија одржа средба со Организацијата на жени од Свети Николе.
На состанокот се разговараше за проектите и активностите кои ги спроведуваат двете организации, а беа презентирани и наодите од Националниот систем на интегритет, анализа подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
На работната средба исто така се разгледаа и можностите за идна соработка помеѓу двете организации.
Транспаренси Интернешнл – Македонија и во наредниот период ќе продолжи со организирање на средби со организации на локално ниво со цел остварување понатамошна соработка.