Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија објавува:
КОНКУРС
за изработка на истражувачки стории од областа на антикорупцијата и владеење на правото
Со овој конкурс ги покануваме граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отварање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција и владеење на правото преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.
1. ТЕМИ
Предложени теми треба да се поврзани со столбовите и наодите од Националниот систем на интегритет, анализа спроведена од Транспаренси Интернешнл – Македонија достапна на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf
Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да понудат предлози за подготовка на документ врз основа на дадената анализа.
2. НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да достават пријава, биографија и листа на објавени истражувачки стории.
Структурата на сторијата треба да е во следниот формат:
– наслов на текстот,
– разработена тема и
– методологија на подготовка на сторијата.
Сторијата може да е и во видео формат.
Сторијата треба да биде подготвена на македонски јазик.
3. ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ
Право на аплицирање имаат граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи. При аплицирањето треба да се достави пријава, биографија и листа на истражувачки стории подготвени од страна на лицето кое аплицира.
4. СЕЛЕКЦИЈА
Селекцијата на темите ќе го врши комисијата составена од програмски персонал на Транспаренси Интернешнл-Македонија, а врз основа на актуелноста на темата, искуството и понудената методологија од страна на заинтересираните лица.
Во рамките на проектот е предвидено финансирање на вкупно 5 (пет) истражувачки стории.
Избраниoт апликант ќе бидe известен најдоцна 7 (седум) работни дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на истражувачките стории е 15 април 2024 г.
5. ФОНД НА КОНКУРСОТ
Поединечните надоместоци по сторија изнесуваат 30.000 денари во бруто износ.
6. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со испраќање на пријава (Прилог 1), работна биографија и листа на истражувачки стории (Прилог 2) на апликантот.
Комплетните пријави треба да се достават на: job@transparency.mk најдоцна до 15 март 2024 г.
Во прилог ги доставуваме Пријавата (Прилог 1) и Урнек на листа на истражувачки стории (Прилог 2).
Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 14 март 2024 г. на: msunchevska@transparency.mk.
* Овој повик е објавен во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.