Почесниот претседател на ТИ-Македонија, г-ѓа Слаѓана Тасева даде свое видување за ТВ 24 на тема: (зло) употреба на државни ресурси за партиски агенди.
Г-ѓа Тасева потенцираше дека недостасуваат механизми за контрола поради што е тешко да се откријат и докажат злоупотреби од ваков тип.
„Еден градоначалник ни испрати многу гордо, документи и фактури дека се е платено за тоа што било нарачано од политичката партија да се купи за партијата. И самиот градоначалник не бил свесен дека со тоа прави кривично дело, и не извести дека секако дека тој купил со пари од општината на граѓаните. Нашата кривична пријава која ја доставивме до Јавното обвинителство против одговорниот во тој изборен штаб беше отфрлена со образложение дека партијата ги надоместила тие средства“ – истакна г-ѓа Тасева.
Целиот разговор можете да го погледнете на видеото подолу.