Почесниот претседател Слаѓана Тасева и Генералниот Секретар Методи Зајков на Транспаренси Интернешнл-Македонија на 13.02.2024 година остварија средба со Републичкиот Јавен Обвинител Љупчо Коцевски во просториите на обвинителството. Во текот на дискусијата беа разгледани можностите за проширување на меѓусебна соработка.
ТИ-Македонија ги презентираше наодите од последното истражување на Систем за Национален Интегритет, продлабочување на меѓусебната соработка за имплементирање на систем за внатрешните и надворешните канали за заштетитено пријавување на укажувачи како и за можната заедничка соработка во следење на изборниот процес.
Јавниот обвинител Коцевски информираше за состојбата и активностите поврзани со обвинителството и најави поголема транспарентност и отчетност.
На средбата се разговараше за поголемо присуство на граѓанскиот сектор во процесите на создавање на законска регулатива која што ја опфаќа борбата против корупцијата.