Д-р Слаѓана Тасева, почесниот претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија даде свое видување за Сител ТВ на тема: Има ли начин да се спречи корупцијата?
Д-р Тасева смета дека уште поголем меѓународен притисок за борба против корупцијата и ветинг е тоа што може да ги мрдне работите во справувањето со проблемот со корумпираните судии и обвинители.
„Не ја поврзувам корупцијата и проблемот со судството само со политиката. Ние тука имаме силни влијанија од сите сфери, и од бизнисот па дури и од организираниот криминал“ – посочи д-р Тасева.
Таа истакна дека мора да се најде начин којшто ќе го исчисти судството од корумпираните судии и од нечесните и нечисти луѓе во обвинителството.
Целата изјава можете да ја погледнете на видеото подолу.