Благоја Пандовски на 18.03.2024 гостуваше во „Аргумент плус“ на Телевизија 24.
Пандовски во емисијата разговараше на повеќе теми: извештајот на ГРЕКО којшто се однесува на спречување на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите, потоа ставањето на црната листа на САД на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и за Барометарот на корупција, месечната активност која ТИ-Македонија ја спроведува за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата.
Целиот разговор можете да го погледнете на видеото подолу.