Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато, Владата на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028) со нејзиниот Акциски план.
Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.
Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови се: министерот за внатрешни работи; министерот за информатичко општество и администрација; министерот за финансии; заменик-премиерот задолжен за европски прашања; заменик-премиерот задолжен за политики за добро владеење; јавен обвинител; претседателот на Врховниот суд; претседателот на Судскиот совет; претседателот на Совет на јавни обвинители.
Други членови се: Слаѓана Тасева, почесен претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија; академик Владо Камбовски; Вера Коцо, судија во пензија; Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје; Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда; Марија Николовска Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања; Жарко Хаџи Зафиров, претставник од БЛУПРИНТ групата за правосудство;
На седниците, како што информираат од Владата, по потреба ќе присуствуваат и ќе ја следат работата и други министри , заменици на министри и функционери кои раководат со органи на државната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здруженијата на судии, на јавни обвинители, на судска служба и јавнообвинителска служба.
Извор: Гласот на Европа