ТИ-Македонија подготви извештај за достапноста на податоците за политички интегритет во Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“.
Во овој извештај се разгледувани девет податочни сетови, спроведени од ТИ-Македонија, вклучувајќи: состаноци за лобирање, имот и интереси на јавни функционери, именици на јавни функционери, владин буџет и трошоци, јавни набавки, политичко финансирање, евиденција за гласање и доделени концесии за ископување на минерални добра. Овие податочни сетови беа идентификувани како критични алатки за обезбедување на транспарентност, откривање на политичката корупција и развивање на индикатори за ризик за политички интегритет.
Македонска верзија на извештајот: Преглед на податоците за политичкиот интегритет во С. Македонија
Англиска верзија: Political Integrity Data Scoping in N. Macedonia