Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Транспаренси Интернешнл.
Во рамките на овој извештај беше анализирана и работата на судството. Еден од индикаторите коишто беа применети за анализата е и родовата сензитивност.
До кој степен се механизмите на судството родово-сензитивни?
Оцена: 00/100
Судските механизми не се родово-сензитивни.
Судскиот совет произведува родово распределени податоци за родовата еднаквост во судството за аспекти како што се бројот на именувани судии и бројот на именувани претседатели на судовите, но не и дали нивните механизми како што се механизмите за жалби се родово- сензитивни.
Всушност, не постојат родово- сензитивни протоколи и упатства за поплаки и механизми за истрага каде што тие треба да го вклучат женскиот персонал или да произведат родово разделени податоци за, на пример, жалби поднесени од жени или мажи, време на обработка на жалби поднесени од жени или мажи, жалби решени или игнорирани од жени или мажи. Исто така, нема обука или материјал за подигање на свеста за службениците и персоналот за оптимално спроведување на родово- сензитивни механизми.
Линк до извештајот на англиски јазик: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf.