Повик број 02-2024 за доставување на понуди за изработка на видеа
- Назив и адреса на добавувачот
Здружение ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ МАКЕДОНИЈА – Скопје
ЕМБС: 6166741
ЕДБ: 4030006613889
Адреса: Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје
02/3217-000, info@transparency.mk
- Предмет на набавка
Предмет на повикот е барање за доставување на понуди за изработка на седум (7) видеа поврзани со Националниот систем на интегритет, анализа подготвена и објавена во 2024 година како дел од проектот имплементиран од Транспаренси Интернешнл Македонија: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција “, поддржан од грант на Европската Унија и Владата на Швајцарија. Анализата е достапна на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf
Детален опис на предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
- Рок на изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период од 20 мај 2024 година до 30 јуни 2024 година. Крајниот рок се однесува за одобрено финално видео од страна на нарачателот.
- Технички карактеристики на услугите и обврски на извршителот
Носителот на набавката ќе биде обврзан да подготви седум (7) видеа во должина од 120 до 180 секунди на теми дел од Националниот систем на интегритет, анализа подготвена од страна на Транспаренси Интернешнл- Македонија и достапна на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf.
Извршителот ќе има обврска за:
– Одржување на состаноци со проектниот тим на нарачателот
– Подготовка на креативен и идеен концепт кој ќе ги претстави комуникациските пораки на достапен начин
– Подготовка (снимање, едитирање, аудио продукција) на седум видеа
– Испорака на седум (7) видеа со нарација на македонски јазик (со вклучени титлови) во должина од 120 до 180 секунди во HD 1080p квалитет
– Спроведување на правила на видливост на донаторот во соработка со проектниот тим
- Потребна документација
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
– Професионално резиме на ангажираното лице/а
– Портфолио со референтна листа на претходно изработени видеа на тема за укажувачи, анти-корупција и сродни области, со референци (податоци за клиент, тип на видео, големина на примерок и година на изработка)
– Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од шест месеци на денот на аплицирање)
– Финансиски предлог
– Изјава дека ги исполнувате условите за учество на повикот
- Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на нарачателот. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од нарачателот.
- Финансиска понуда
Изразена во нето износ (без ДДВ) и бруто износ (со вклучен ДДВ) во МКД. Вкупниот, нето надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 31.000 денари без вклучен ДДВ по изработено едно видео или вкупно за изработка на седум видеа 217.000 денари без вклучен ДДВ. Проектот е ослободен од ДДВ.
- Критериум за доделување на договорот и бодување
Максималниот број на поени кој еден апликант може да ги добие од евалуација е 30.
Следните критериуми ќе се земат во предвид при оценување на понудата:
- Технички критериум – не се оценува, се евидентира со ДА или НЕ, дали апликантот има доставено комплетна документација појаснета во точка 5. Потребна документација. Апликациите кои се технички неисправни и евидентирани во евалуацијата со НЕ по овој критериум ќе бидат дисквалификувани, односно нема да се оценувани од комисија за евалуација
- Професионално резиме на ангажираното лице/а- се оценува годините искуство на ангажираното лице/а во специфична област со максимум 10 поени
- Портфолио со вклучена референтна листа на претходни слични ангажманисе оценува бројот на проекти вклучени во портфолиото кои се од иста или слична област и тема како и продуктите кои треба да се промовираат со овој повик со максимум 10 поени
- Финансиски предлог – се оценува висината на вкупната сума на понудата со максимум 10 поени
Избор на најдобра понуда – ќе биде избрана како најдобра понуда онаа која ќе биде оценета со најмногу поени од комисијата за евалуација.
- Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на job@transparency.mk. Краен рок за доставување на апликацијата е 15 мај 2024 година до 17:00 часот со назнака „Понуда зa Повик број 02-2024”.
Апликациите доставени по утврдениот временски рок нема да се разгледуваат.
* Изработката на видеата се спроведува во рамките на проектот “ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од грант на Европската Унија и Владата на Швајцарија.