Благоја Пандовски даде изјава за АЛФА ТВ по повод ставот за распуштање на обвинителскиот и судскиот совет.
„Членовите на овие клучни правосудни институции се пристрасни при оценката на своите колеги бидејќи доаѓаат од редовите на судиите“ – коментира Пандовски во однос на поставеноста на членовите на судскиот и обвинителскиот совет. Тој предлага нови законски решенија.
„Во изборот на членови на овие две институции да има многу помалку судии и јавни обвинители, односно да бидат избрани луѓе од другата правна професија, како адвокати, професори итн.. коишто на еден пообјективен начин ќе вршат оценка на работата на судиите и јавните обвинители“ – истакна Пандовски.
Судскиот систем изминативе години работи со голем број скандали и е критикуван за несовесно работење од претставниците на меѓународната заедница кај нас.
Последниот извештај на Европската Комисија говори за нетранспарентноста на Советот на обвинителите при изборот на членови, како и за партиски влијанија и непотизам при избори на судии во Судскиот совет.
Според познавачите, корените во борбата со корупцијата почнува токму од тука, од врвот на најбитните институции во судскиот систем.