Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска (14.05) одржа состанок со Центар за едукација и развој од Теарце.
На состанокот се разговараше за проектите и активностите кои ги спроведуваат двете организации, а беа презентирани и наодите од Националниот систем на интегритет, анализа подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
На работната средба исто така се разгледаа и можностите за идна соработка помеѓу двете организации, а се разговараше и за проектот „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борба против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, поддржан од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Транспаренси Интернешнл – Македонија и во наредниот период ќе продолжи со организирање на средби со организации на локално ниво со цел остварување на понатамошна соработка.