Во ера на дигитализација достапноста од отворени податоци е од исклучителна важност и за борбата против корупцијата. Лесниот преглед на податоци, обработка и финална анализа може да допринесе за детектирање на ризиците од корупција и да им овозможи на медиумите, граѓаните и останатите чинители во општеството да делуваат активно во намалување на корупцијата.
Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочни сетови кои би биле достапни за разните чинители за обработка и анализа.
Проектот е насочен да ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.
Во рамките на проектот ќе биде подготвена база на податоци која ќе ги покрива јавните набавки. Оваа база на податоци ќе овозможи лесен преглед на огласите за јавни набавки и доделените договори објавени од релевантните институции, како и анализата на промените во финансиската состојба на политички поврзаните компании по промената на власта овозможува јасна слика за потенцијалното фаворизирање на политички поврзаните компании во распределбата на јавните ресурси.
Видеото е ко-финансирано од Европската Унијa и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината на ова видео е единствена одговорност на Транспаренси Интернешнл – Македонија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија, Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.