Транспаренси Интернешнл-Македонија ја изработи анализата Национален систем за интегритет (НИС), која ги опфаќа главните институции коишто се дел од системот за борбата против корупцијата.
Кога овие институции функционираат правилно, тие претставуваат здрав и силен систем за национален интегритет, ефикасен во борбата против корупцијата како дел од поголемата борба против злоупотребата на моќ, недолично однесување и присвојување во сите негови форми.
Меѓутоа, кога овие институции се карактеризираат со недостаток на соодветни регулативи и со неодговорно однесување, корупцијата веројатно ќе напредува, со негативни бранувања и ефекти врз општествените цели за правичен раст, одржлив развој и социјална кохезија.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција, кој е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
За да ги погледнете оцените на 15-те столбови кликнете на линкот.