Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Транспаренси Интернешнл.
Во рамките на Националниот систем за интегритет е оценето и Собранието, како законодавно тело на земјата. Собранието има вкупна оцена од 60.42.
Дадени препораки:
- Собранието треба најмалку еднаш годишно да води дебати за јавните расходи и да ги проверува трошоците преку јавни договори.
- Собранието треба да ги разгледа и расправа за наодите и препораките на ДКСК, извештаите на државниот ревизор и други специјализирани агенции.
- Собранието треба да утврди рокови за усвојување на годишните извештаи доставени од институциите кои се одговорни пред Собранието, како што се ДКСК, ОЈО и ДЗР
- Собранието треба да ги спроведе сите препораки на ГРЕКО во однос на интегритетот.
Линк до извештајот на англиски јазик: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf