Транспаренси Интернешнл-Македонија денеска одржа настан во Делчево на којшто го презентираше „Националниот систем за интегритет на Република Северна Македонија“, извештај којшто содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извештајот беше работен во текот на 2022 и 2023 година, во рамки на проектот ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција, кој е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Претседателот на ТИ-Македонија, Благоја Пандовски ги презентираше резултатите од анализата, како и дадените оценки за 15-те столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата, а ги истакна и дадените препораки.
На настанот присуствуваа претставници на институции, организации и медиуми. Беа дискутирани наодите од НИС анализата и дадените препораки.
Англиската верзија на извештајот можете да ја најдете на линкот: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf