Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска одржа настан за промоција на проектните активности во Делчево. Претставници на организацијата поставија штанд на градскиот плоштад и одржаа средби со граѓаните.
Граѓаните преку канцеларијата за правна помош имаа можност да пријават корупција и неправилности во институциите. Тимот од канцеларијата постави штанд на кој граѓаните се информираа за активностите. Канцеларијата за правна помош е воспоставена преку проектот: „Промовирање на активно учество на граѓаните за борба против корупцијата во Југоисточна Европа“, финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Франција во Северна Македонија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.