Како дел од Националниот систем за интегритет подготвен во рамките на проектот: ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“ финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија беше дадена и оцена за судството.
Судството е едно од најниско оценетите столбови со многу мала улога во борбата против корупцијата.
Меѓу препораките се дадени и неколку кои се однесуваат конкретно на Судскиот совет:
- Судскиот совет да донесе нови процедури за примање пријави од граѓани поврзани со судир на интереси и друго несоодветно и неетичко однесување кај судиите и
- да воспостави канал за заштита и известување на укажувачите за да им овозможи на судиите со интегритет или други заинтересирани страни да известуваат за случаи на влијание врз судиите и нивните одлуки.
Линк до извештајот на англиски јазик: National Integrity System Assessment 2023