Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
НИС анализата е изработена во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Меѓу највисоко оценетите столбови е столбот посветен на Државната комисија за спречување на корупција (72,9).
Препораки за столбот:
Државна комисија за спречување на корупција
- да ангажира повеќе персонал за да го пополни тековниот недостиг од човечки ресурси
- да се подобри капацитетот за истражување и анализа на изјавите за имот и интереси, како и други области со ризик од корупција
- да се спроведат механизмите што недостасуваат за постапување со ризиците од судир на интереси идентификувани во внатрешната оцена на ДКСК
- да се воспостави механизам за граѓаните да поднесуваат жалби против ДКСК и да се воведат комисии на граѓани за контрола, за поголема отчетност на институцијата
- да се спроведат родово одговорни протоколи и упатства за внатрешни и надворешни механизми за жалби и да се изготвуваат податоци поделени по пол за таквите жалби.
Јавно обвинителство
- да воспостави работни односи со ДКСК за да се зголеми разбирањето на нивните постапки кога се работи на предмети поврзани со корупција и да се развијат капацитети за поддршка на истрагите.
Влада
- да се воспостави механизам во Генералниот секретаријат на владата за натамошни активности за наодите и препораките на ДКСК во случаи на утврден судир на интереси непријавен имот или недоставени изјави за имот и да се повикуваат високите функционери на одговорност.
Линк до извештајот на англиски јазик: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf