На 5 и 6 јуни 2024 во Струга беше одржана работилница за резолуциите донесени на 10та Конференција на земјите-страни на УНКАК, декември 2023. Оваа работилница беше одржана во партнерство на проектите: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиски поддржан од Европската Унија и Владата на Швајцарија и програмата Граѓаните против корупцијата, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.
Целта на работилницата беше да се разгледаат донесените резолуции во рамките на CoSP кој се одржа во Аталанта, САД во декември 2023 година, значењето на CoSP и улогата на граѓанските организации. Во текот на средбата беа разгледани следните резолуции:
- резолуцијата Atlanta 2023: promoting integrity, accountability and transparency in the fight against corruption
- резолуцијата Addressing the societal impacts of corruption
- резолуцијата Promoting transparency and integrity in public procurement in support of the 2030 Agenda for Sustainable Development
- резолуцијата Enhancing the use of beneficial ownership information to strengthen asset recovery
- резолуцијата Protection of reporting persons.
Експертите ги презентираа споменатите резолуции, објаснувајќи ја нивната содржина.
Работилницата беше интерактивна и на крајот од секоја презентирана резолуција учесниците даваа свои препораки за тоа како државните институции и граѓанските организации треба да придонесат во имплементација на резолуциите и подобрување на правната рамка во борбата против корупцијата.
Препораките се подготвени во пишана форма и истите ќе бидат доставени до релевантните институции и чинители.
* Оваа работилница е одржана во рамките на проектот: „ ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиски поддржан од Европската Унија и Владата на Швајцарија.