Благоја Пандовски во своето гостување на „25 минути“ разговараше на повеќе теми – за извештајот на ГРЕКО, а го истакна и својот став околу судството и Судскиот совет.
Пандовски исто така го коментираше Барометарот на корупција за месец мај, редовната месечна активност на Транспаренси Интернешнл-Македонија за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, даде свое видување околу третманот кон затворениците во затворите, за случувањата со спортските ваучери – при што особен акцент даде на тоа дека корупцијата во спортот, а која особено се однесува на младите спортисти, влијае многу негативно на развојот на спортот во државата, а го истакна својот став и за други актуелни теми.