Од 18-ти до 21-ви јуни во Вилниус, Литванија се одржа 21-та Меѓународна конференција за антикорупција.
Меѓународната конференција за борба против корупцијата (IACC) е врвен светски глобален форум за здружување на шефовите на држави, граѓанското општество и приватниот сектор на кој се диксутираат предизвиците во борбата против корупцијата. Овие конференции имаат за цел да ја унапредат антикорупциската агенда преку подигање на свеста и стимулирање на дебата. Тоа поттикнува вмрежување и глобална размена на искуства кои се неопходни за ефективно застапување и дејствување, како на глобално, така и на национално ниво. Конференциите, исто така, ја промовираат меѓународната соработка меѓу владите, граѓанското општество, приватниот сектор и граѓаните преку обезбедување можност за дијалог лице в лице и директна врска меѓу претставниците од агенциите и организациите кои учествуваат.
Оваа конференција собира преку 2000 претставници од институции, организации, медиуми и други тела кои активно учествуваат во борбата против корупцијата. И претставници на Транспаренси Интернешнл-Македонија присуствува на 21-та Меѓународна конференција за антикорупција. Тие имаа можност да посетат дел од многубројните пленарни сесии, работилници и настани кои се одржаа во рамките на оваа конференција. Различни теми беа обработени низ овие настани, како: голбални трендови во борбата против корупцијата, заштита на укажувачи, интегритет, борбата против корупцијата низ призмата на бизнисот, климатските промени и женските права, интегритет, и многу други.
Учесниците на 21-та меѓународна конференција ја усвоија Декларацијата “Confronting Global Threats:Standing Up for Integrity“ The 21st IACC Vilnius Declaration | Confronting Global Threats: Standing Up for Integrity – IACC Series
Оваа конференција беше искористена и за вмрежување со други организации, промоција на проектни активности и споделување на искуства и практики во борбата против корупцијата.