Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”.
Извештајот беше подготвен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, којшто е финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
НИС извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Во рамките на Националниот систем за интегритет е оценета и институцијата Народен правобранител, со вкупна оцена од 70,84.
Препораки за столбот
Институција Народен правобранител
- Народниот правобранител треба да изготви и да донесе етички кодекс и политика за интегритет во согласност со насоките од Државната комисија за спречување корупција
- Институцијата Народен правобранител треба да ангажира повеќе персонал за да може соодветно да ги спроведува потпрограмите
- Народниот правобранител треба да ја зголеми видливоста со изготвување и спроведување стратегија за комуникација која исто така ќе ги промовира надлежностите на Народниот правобранител како точка за надворешно пријавување и заштита на укажувачите
- Народниот правобранител треба да обезбеди можност за обука на персоналот за интегритет и за укажување
- Народниот правобранител, во годишниот извештај треба да вклучи податоци поделени по пол на добиени претставки во општиот дел за статистички податоци
- Народниот правобранител треба активно да го промовира спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите со изготвување кампањи спроведување обуки со лица одговорни за надворешно и внатрешно пријавување и со поголема комуникација со другите институции одговорни за надворешни пријавување: ДКСК, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи.
За Владата
- Да обезбеди дополнителен буџет за Народниот правобранител и за подобро спроведување на потпрограмите и за ангажман на повеќе персонал и испорака на обука за интегритет и за укажувачи.
- Да го измени Законот за Народен правобранител, другите акти и интерните процедури во согласност со Париските начела, така што институцијата може да добие статус на национална институција за човекови права.
Собранието
- Да го заврши прегледот на извештајот на Народниот правобранител за 2021 г. и да осигури дека идните извештаи се разгледуваат и расправаат во рамките на законскиот рок што треба да биде вклучен во законската рамка.
- Да воспостават ефективни и временски ограничени постапки што ќе осигурат ефикасност во следењето и спроведувањето на препораките на Народниот правобранител. Персоналот на Народниот правобранител треба да е одговорен за следење на спроведувањето на препораките со јавно достапен извештај.
- Да се воспостави потранспарентна и отворена постапка за избор и именување на Народниот правобранител и неговите заменици слично на онаа за избор и именување на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување корупција.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија