Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, којшто беше изработен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Извршната власт е еден од столбовите оценети во рамки на извештајот, со вкупна оцена 69,2.
Препораки за столбот
- Владата треба да ја зајакне својата транспарентност со објавување на следното на својата веб-страница:
– владините одлуки во посебен дел, поделени по различни области и треба да се наведат причините за одлуките
– извештаите за кои е одговорна Владата на едно место и навремено, и ажурирање на извештаите доставени од ДЗР и информации за постапување по ревизорските извештаи и наведување на последиците од непостапувањето по извештаите. Оваа обврска треба да се предвиди и за Владата и за Државниот завод за ревизија
– сите извештаи за работата на министерствата на едно место
– податоци (вклучувајќи мерки одлуки обуки соработка со институции усвоени планови и програми санкционирани неправилности спроведување на активности) за мерките што се преземени за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот на владата и ефектите кои биле постигне
– информации за судски одлуки во врска со спорни владини одлуки
– информации за извршување на владините проекти редовно објавувани.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија