Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, којшто беше изработен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Медиумите се опфатени во еден од столбовите, со вкупна оцена 58,98.
Препораки за столбот
- Академијата за судии и јавни обвинители заедно со Советот за етика на медиуми во Македонија и со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да обезбеди обука за судиите за точна примена на Законот за навреда и клевета во согласност со меѓународните стандарди и практики гарантирајќи дека државата и партиските службеници ќе се воздржат од тужби против истражувачките новинари и медиумите за разоткривање информации од јавен интерес.
- Сопствениците на медиумите на своите новинари треба да им да дадат целосна законска заштита во судските постапки што се водат против нив по објавувањето написи за корупција. На тој начин новинарите ќе се чувствуваат охрабрени да истражуваат и да известуваат за корупција знаејќи дека медиумот стои зад нив.
- Новинарите треба да користат повеќе извори на информации за корупција, а не да се потпираат само на изворите на државните институции. Понатаму, сега тие може да ги истражуваат системските проблеми што ги откриле со своите наоди и кои овозможуваат корупција.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија