Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви извештајот „Национален систем за интегритет на Северна Македонија” во рамките на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата.
Столбот посветен на јавните претпријатија е еден од најниско оценетите, со вкупна оцена 47,9.
- Владата треба да воспостави централизирана координативна единица со улога да ја координира работата на ЈП
- Владата треба да креира централизирана платформа за да објавува информации за работата на ЈП (структура на управување, број вработени финансиски извештаи итн.) за да се подобри транспарентноста на ЈП
- Владата треба да воспостави корпоративен кодекс за сите ЈП, а централизираната координативна единица треба да го надгледува неговото спроведување
- Владата треба да го измени законот за ЈП, да воведе санкции и мерки во случаи кога се откриени финансиски неправилности и несоодветно однесување
- Финансиската одговорност на ЈП треба да се подобри со механизам на потранспарентно известување што ќе биде воспоставен од Министерството за финансии. Овој механизам треба да вклучува годишни извештаи за активностите на ЈП што се доставуваат до надлежните власти и се јавно достапни на веб-страниците на ЈП
- Сите ЈП треба да развијат и објават внатрешни документи за спречување корупција и за интегритет, а ова вклучува и кодекс на однесување и политика на интегритет со мерки за спречување судир на интереси примање подароци несоодветно однесување, итн.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија